еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Аква-паркот во Скопје почнува со работа во петок

Во петок, со почеток од 10 часот ќе стартува новата летна сезона во Аква-паркот во склоп на СЦ „Борис Трајковски“.

„Оваа година, Аква паркот повторно нуди интересни содржини за сите возрасти, 10-те атрактивни тобогани, базенот со бранови, бумерангот, детскиот базен, како и новото детско катче за забава во песок.

Новитет е и полудневната карта, која ќе може да ја користат сите кои во текот на денот се на работа, а сакаат да се релаксираат во попладневните часови. Водата во сите базени е збогатена со калциум хипохлорит, што ја прави најчиста, најквалитетна и најбезбедна по сите светски стандарди и е единствена од таков тип во нашата држава.

Покрај стандардните содржини за капење и уживање, во текот на вечерните часови ќе се организираат и забави, а просторот ќе може да се изнајмува и за уникатни прослави, родендени, момински и ергенски вечери“, соопштуваат од СЦ „Борис Трајковски“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворени три постапки за вонбрачните партнери по убиството во Кавадарци

Редакција

Изгаснат пожар во куќа во Скопје, повредени двe лица

Редакција

Полицијата го известила Обвинителство за злоупотребени фотографии на девојчиња од страна на деветтоодделенци во Кавадарци

Редакција