еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) „Албански вкус” зачинет со прекрасниот амбиент на ресторанот FOUR

Неверојатен микс на јадења и култури го одбележаа настанот „Албански вкус”, кој за прв пат се одржа во Македонија. Настанот е успешен проект на агенцијата Dynamic, кој досега се има одржувано во Австрија, Косово, Албанија и Швајцарија, а од оваа година и во Македонија. Прв домаќин на „Албански вкус“ беше Park Hotel & Spa.

Уникатниот и модерен ентериер на ресторанот на хотелот беше вистинскиот избор за настан од ваков тип. Седум традиционални албански јадења, 5 врвни шефови од Косово, Албанија и Македонија меѓу кои Шеф Фарук Незири, Шеф Перпарин Бабалија, Шеф Сокол Пренга и Шеф Арманд Кикино, цел тим на професионалци и мастер шефот на ресторанот FOUR Лефтерис Далагиоргос ги споделија своите искуства и подготвија вкусни традиоционални специјалитети.

Најдобрите македонски вина дополнително ја збогатија трпезата и вкусот на внимателно одбраното мени.

Помеѓу гостите кои присуствуваа на „Албански вкус” и уживаа во прекрасната атмосфера,  традиционални албански вкусови и квалитетни македонски вина присутни беа и претседателот на собранието на Македонија Талат Џафери, заменик градоначалникот на град Скопје, Енвер Малиќи, Изет Меџити, Валон Сарачини како и Фатос Река албанскиот амбасадор во Република Македонија.

Настанот беше поддржан од Park Hotel & Spa, WesternUnion и Neptun.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф.Трајковски: Дневните бројки нагло почнаа да растат, учеството на „стелт“ сојот достигнал 57,5% од сите нови случаи

Редакција

Во последното деноноќие 35 пожари, активни се уште два

Редакција

Сите детали за вакцината Спутник В со која ќе се вакцинираат и македонските граѓани

Редакција