еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) Алкалоид АД Скопје дел од најголемиот глобален саем на фармацевтската индустрија

„Алкалоид АД Скопје“ од 5-7 ноември годинава настапи како излагач на најголемиот саем на фармацевтската индустрија во светот: CPhI (Convention on Pharmaceutical Ingredients) кој се одржа во Франкфурт, Германија.

На овој глобален настан, единствен од вакви размери од сферата на фармацевтската индустрија, секоја година учество земаат над 2.500 излагачи и повеќе од 45.000 посетители од  над 165 земји во светот.

Саемот, или како организаторите го нарекуваат во буквален превод „Конвенција на фармацевтски состојки“ за прв пат е одржан пред 30 години и постојано бележи динамика на додавање на нови содржини и пораст на бројот на посетители и изложувачи. На листата на интереси највисоко котирани се активните фармацевтски состојки по што следат готовите фармацевтски формулации, инјектибилни форми/хормони/онколошки лекови, потоа безрецептни лекови, итн.

„Алкалоид“ за прв пат на оваа конвенција присуствуваше во 2004 година, и оттогаш учествува како активен изложувач со цел прецизирање на договорите со глобалните добавувачи на супстанци и готови производи, лиценцирање на нови производи и дополнување на производното портфолио.

CPhI  е најважниот настан во годината од областа на фармацевтската индустрија. На едно место може да се најдат преку 30.000 искусни фармацевтски професионалци поделени во 20 сектори меѓу кои: активни фармацевтски состојки, готови фармацевтски форми, фармацевтски пакувања и машини, интермедиери, договорно производство, биофармацевтски производи и друго.

Настанот е извонредна можност за добивање на информации за најновите достигнувања од  областа на фармацевтската индустрија со цел да се одржи чекор со динамичните трендови на фармацевтскиот пазар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европската комисија препорача почеток на преговори со Македонија и Албанија

Редакција

Денеска треба да започне судењето против Латас и Лазаров

Редакција

Сите детали: Каква е постапката за дарување на крвна плазма, која кај нас за прв пат се употреби за лекување од корона вирусот

Редакција