еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Антонио Милошоски ќе ја носи “бомбата“ за Заев, Боки 13 и „Рекет„ кај Русковска

Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил информира дека утре ќе се сретна со шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

“Утре во 9ч, на моја иницијатива, во обвинителството за борба против организиран криминал и корупција, ќе остварам средба со г-ѓа Вилма Русковска.

Целта на закажаната средба е на обвинителката да и го предадам аудио материјалот доставен од укажувач, а на кој се препознава гласот на поранешниот премиер Зоран Заев.

Во прилог на овој материјал ќе го доставам и транскриптот од чија содржина произлегува сомнеж за тоа дека господинот Зоран Заев бил во тек со нелегалното финансирање на “Меѓународниот сојуз” на Бојан Јовановски преку рекетирање на стопанственици, како и дека тој лично од позицијата премиер го помагал финансирањето на телевизијата 1ТВ.

Се надевам дека овој материјал ќе му биде од корист на обвинителството во покренатото обвинение за овој предмет“, пишува Милошоски

Пред извесен период Милошоски на расправата за Предлог – законот за Јавно обвинителство, од собраниската говорница пушти аудио-материјал, на кој, како што рече се слуша гласот на З.З. како збори за финансирањето на телевизијата на првообвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски.

„Му требаат пари за телевизијата и прави комбинации. Го прашав од каде парите за телевизија. Тој ми рече од Хрватска, но главно од Циле, Силјан Мицевски од тоа проектот за старечките домови,“ прочита Милошоски од транскриптот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предизборна „бомба“ на Милошоски: Ќе има ли нови?

(Видео) Милошоски пушти аудио-снимка во Собранието: З.З знаел чии биле парите, за Боки 13 да ја финансира телевизија

Фото: Фејсбук/Милошоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривичниот суд не го прифати барањето за притвор на поранешниот директор на Централен регистар

Редакција

Вистинскиот проблем е одбивањето да се занимаваме со суштински теми, велат од бугарскиот тим на заедничката Комисија со Бугарија

Редакција

Уапсени креаторот и администраторот на „Јавна соба“, Обвинителството бара притвор

Редакција