еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Атиџе е името на новата рисица откриена во НП Маврово

Македонското еколошко друштво означи нова единка од балканскиот рис близу селото Ничпур, во НП „Маврово“. Оттаму информираат дека се работи за здрава женка тешка 14,5 кг, а стара околу 10 години. Рисицата се вика Атиџе.

„Како и сите рисови досега, и таа носи околувратник и ни испраќа локации за своето движење. Утврдивме плен и сега сме сигурни дека Атиџе е добро и успешно се справува со сите предизвици.

А што им е заедничко на Атиџе и Марко, нашиот прв рис? Сплетот на околности направи интересна игра на датуми и настани. Оваа првоаприлска вест е за минатиот месец, кога пред самиот прекин на теренските активности се случи обележувањето на Атиџе и тоа токму на истиот ден кога беше обележан рисот Марко!

И ова е десетта единка за овие десет години. Убаво заокружување на досегашните теренски активности поврзани сесијата за рисот. Според нашите долгогодишни истражувања се проценува дека на Балканот има уште 40 возрасни единки на балкански рис, којшто според Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) има статус на критично загрозено животно.

Инаку Атиџе првпат ја имаме забележано на слика од фотозамка во 2013 година, кога во базата ја водевме под шифрата Б11. Мислиме дека името Атиџе подобро ѝ стои. Се гордееме со нашиот тим и ја поздравуваме плодната соработка со пријателите од НП „Маврово“! Иако сакаме нови терени, посебно на априлскиот снег, засега седиме дома и будно ја следиме ситуацијата. Останете дома и следете нѐ со новости!“, велат од МЕД.

Фото: МЕД

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила Силвана Бонева, која е ослободена за случајот со патните трошоци

Редакција

Каков имот пријавиле уставните судии: Мурати има куќа и два стана

Редакција

Нови 999 случаи на Ковид-19 од 3.627 тестирања

Редакција