еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Атиџе во авион на пат кон Холивуд: Се чувствувам како птица која лета

Ѕвездата на „Медена земја“, Атиџе Муратова тргна кон Холивуд на свечената церемонија на доделувањето на Оскарите. Таму ја чека филмската екипа која веќе ги доживува своите ѕвездени моменти. Неодамна стоеше рамо до рамо со легендите на филмското платно и „кремот“ во светот на филмот.

Ова е едно од бројните патувања на Атиџе, бидејќи таа целосно се вклопи во промоцијата на „Медена земја“ и најпрофесионално се појавува секаде каде што треба. Но ова е посебно патување, бидејќи постои можност Оскарот да биде јаготката на шлагот изматен со бројни награди на светски реномирани фестивали, признанија од стручната фела, громогласни аплаузи од публиката.

„Да бидам искрена не ни знаев за Њујорк. Знаев за Америка. Не се плашев кога прв пат треба да летам со авион. Се чувствував како птица која лета. Проблем ми е само што незнам јазик. Зборувам само турски и македонски. А сакам да зборувам со сите“, изјави Атиџе во интервјуто за „еМагазин.мк“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Атиџе со нова фризура непрепознатлива за на Оскари: Ќе може да им парирам на Бред Пит и Ди Каприо

(Галерија) Филмската екипа на „Медена земја“ заедно со Роберт де Ниро, Бред Пит, Леонардо ди Каприо, Ал Пачино…

Отворено со Атиџе, ѕвездата на „Медена земја“: Обожавам да пеам, сакав да станам пејачка

(Фото) Медена тура: Воодушевени од Атиџе, велосипедисти возеа до нејзиното село Бекирлија

Фото: Фејсбук/Драган Кузмановски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Долг ден во Собранието: Седницата презакажана за во 21 часот, дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ си отидоа

Редакција

(Видео) Семејството продаде се што имаше, на ред сме ние: Да спасиме мајка на две деца

Редакција

„Друже Зоќи, љубичице бела, тебе воли омладина цела“: Твитер за споредбата на Каевски на Заев со Тито

Редакција