еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) Бидете внимателни: „Алкалоид“ известува за фалсификати – дезинфициенси на пазарот

Од компанијата Алкалоид АД Скопје известуваат дека на пазрот се појавиле за фалсификати – дезинфициенси.

“Би сакале да Ве известиме дека на пазарот се појавија производи што претставуваат фалсификати на средствата за дезинфекција произведени од „Алкалоид“ – Ecosal® и Dezintal®, кои се воедно и заштитени трговски марки на „Алкалоид“ АД Скопје.

Aпелираме до купувачите да внимаваат при купувањето, бидејќи фалсификуваните производи не ги исполнуваат стандардите за квалитет, при што би можело да дојде до несакани дејства врз безбедноста и врз здравјето на купувачите.

Исто така, се доведува во прашање и ефикасноста на овие производи, кои во моменталната ситуација се од исклучителна важност“, велат од компанијата.

За да помогнат на купувачите да ги препознаат оригиналните производи Ecosal® Forte и Dezintal® произведени од „Алкалоид“, за чии квалитет и безбедност гарантираат од компанијата, од таму ги посочуваат следните детали што може да се забележат на самото пакување на производите:

▪ на етикетите секогаш стои логото на „Алкалоид“, како и логата на Ecosal® и на Dezintal®, кои гарантираат за оригиналното потекло на производите и за преземените мерки во делот на нивната регистрација, во согласност со важечките регулативи

▪ како производител секогаш е назначен „Алкалоид“ АД Скопје, што подразбира дека производите се произведуваат и се полнат во контролирани услови на производство

▪ производот Ecosal® Forte се произведува во пакување од 500 ml, со затворање приспособено на типот на производот – антисептик, наспроти фалсификуваното пакување од 1000 ml, какво што досега не е пласирано на пазарот од „Алкалоид“

▪ производите доаѓаат со соодветно упатство за употреба, за кое можеме да гарантираме само доколку се произведени и доколку се спакувани во фабричките погони на „Алкалоид“ АД Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Трет подвиг летово: Марко Пејчиновски исплива 20 км од Радожда до Трпејца

Редакција

Од 5 април доматите 70 денари, кромидот 60, пиперот 90, лимонот 55, а бананите 70 денари

Редакција

Рано е за отварање на аеродромите, вели Филипче

Редакција