еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Фото) „Браќа Манаки“: Пендаровски со сопругата на средба со реномираниот американски кинематограф, Едвард Лакман и неговото семејство

Вечерва во Битола се дига завесата на 40 то јубилејно издание на  ИФФК „Браќа Манаки“, а ќе го отвори најновиот филм на култниот шпански режисер, Педро Алмодовар, „Болка и Слава“, кој премиерно беше прикажан на Канскиот фестивал.

„Во пресрет на 40-тото јубилејно издание на меѓународниот фестивал на филмска камера Браќа Манаки, заедно со сопругата Елизабета Ѓоргиевска имавме пријатна средба на Широк сокак со реномираниот американски кинематограф, Едвард Лакман и неговото семејство.

Му честитам за наградата „Златна камера 300“ за животно дело. Лакман импресионира со својата енергија, а со децении е во врвот на американските и светските кинематографи со над 80 снимени филмови досега“, соопшти претседателот Стево Пендаровски на неговиот фејсбук-профил.

фото: Фејсбук/Пендаровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

еМагазин Ви ја честита новата 2024 година

Редакција

(ВИДЕО) Штипјанец исталирал камера на гробот на починатиот син за дознае кој го краде цвеќето

Редакција

(Фото) Пендаровски ја посети семејната куќа на поранешниот претседател Трајковски

Редакција