еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Citroen на парадата по повод 120-годишнината од Парискиот автомобилски саем

Вчера во Париз, по повод историската парада за прославување на 120-годишнината на „ParisMotorShow“, која почна од La plaza de la Concordia, Citroën изложи 25 автентични модели од својата историја, од првиот тип А од 1919 година до новиот C5 Aircross SUV од 2018 година, преку TractionAvant, 2CV, Ami 6, Méhari, SM, CX, и други.

Изложените историски модели од колекционери и од конзерваторскиот музеј на марката беа само најава за јубилејните прослави за еден век Citroën наредната година.

По повод 120-годишнината, „Paris MotorShow“ вчера организираше извонредна историска парада низ улиците на Париз. Од 10 часот во La plaza de la Concordia, беа прикажани повеќе од 230 историски возила. Од 13 часот, овие возила ја започнаа својата парада од Place de la Concorde, минувајќи низ некои од најпознатите локации во главниот град, како што се la Placedes Invalides, lequai Branly и les Champs-Elysées.

Од сите овие модели, Citroën издвои 25 автентични модели од својата историја, од првиот тип А од 1919 година до новиот C5 Aircross SUV од 2018 година, особено преку TractionAvant, 2CV, Ami 6, Méhari и дури U23 coach! 25те модели на Citroën парадираа по хронолошки редослед, од најстарите до најновите.

Овој несекојдневен настан, примами ентузијастите и вљубеници во историјата на моторните возила, а воедно даде јасна најава за она што ќе следи по повод 100-годишнината на Citroën во 2019 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Филмот „Пред дождот“ не ми излегува од мислите, вели Глен Клоуз

Редакција

7мо историско велосипедско патување – На 1ви од Скопје до Богомила

Редакција

(Фото) AVON испишува ново поглавје во својата историја и го лансира новиот мирис Her Story како признание за секоја жена

Редакција