еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Црквите се прозвани дека не помагаат на граѓаните, но не е така

Со лични прилози на свештениците и верниците при храмот „Св Николај Мирликиски“, населба Аеродром, како и со средства од касата на храмот, се купиле фрижидер, машина за перење, машина за сушење, мини-шпорт, микробранова печка, вага за деца до 20 килограми, вага за возрасни, перници, долни чаршафи и јастучници за онколошкиот оддел на Детската клиника, информираат од хуманитарната организација „Свети Спас“.

Ова е само еден од примерите за помош од страна на Црквата таму каде што е потребно, а како друг пример за хуманост е самата хуманитарната организација „Свети Спас“ која секојдневно собира храна за сиромашните, а е вклучена и голем број на хуманитарни акции.

Така што пред да обвиниме, секој од нас нека се запраша што лично сторил за да го олесни секојдневието некому.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

MyKi Pet уред за лесно лоцираље на домашните миленици

Редакција

(Фото) Како изгледаше шпанската гастрономска атракција во Limak Skopje Luxury Hotel

Редакција

Утре ќе се промовира книгата „Пропаст“ од бугарскиот писател, Владимир Зарев

Редакција