еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Деца играа брканица и кошарка со првата дама во претседателската резиденција

Деца од Куманово, Скопје, Кавадарци во претседателската резиденција играа брканица и кошарка со првата дама Елизабета Ѓоргиевска Пендаровска.

“За прв пат во историјата, во претседателската резиденција, деца играа брканица, топка, се радуваа и уживаа. И тоа нашите деца, децата на Проект Среќа, Вашите деца!

Првата дама посака да ги пречека и да се дружи со децата, и со тоа да прати една силна и јасна порака, а тоа е дека, секое дете е важно, а претседателската резиденција е отворена за сите граѓани на нашата земја, а не само привилигирани поединци.

Прекрасно си поминавме, децата уживаа во едно ново искуство, со нова покана од страна на првата дама, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, следниот пат на кино забава во нивниот дом.

Горди сме што борбата во име на нашите и Ваши деца раѓа со плод, но и со разбирање и емпатија кај политичкиот врв на нашата земја, со чија поддршка и помош многу полесно ги реализираме нашите цели! #проектсреќа е Благодарна!!!“, велат на Фејсбук од Проектот Среќа.

„Одамна не сум поминала толку прекрасно попладне! На гости ни беа деца од Куманово, Скопје, Кавадарци… Се запознававме, јадевме пица, правевме оригами.

Дружењето ќе го повториме и со многу повеќе деца од Проект среќа!

Резиденцијата на претседателот од денес ќе биде отворена за дружење.

Им благодарам на Давид, Брајан, Стефанија, Бошко и другите деца, за се’ што ни кажаа и покажаа“, напиша на Фејсбук, првата дама.

Фото: Фејсбук/Пендаровска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските војници ќе си „играат“ војна дома, но и во Германија, Албанија, Црна Гора, Италија, Бугарија…

Никола Осило

МАИВП: Без денар од државата отворија работни места, си го остварија сонот и влегоа во Европа

Силвана Жежова

Владата си гази на програмата: Праведниот данок преку ноќ стана неправеден во корист на богатите

Никола Осило