еМагазин
Image default
Да помогнеме

(Фото) Дечиња од Охрид, од врата на врата собираат пари за Сара, а кон акцијата се приклучи и такси-компанијата Де лукс

Цела држава се крена на нозе за помош на Сара Настеска од Охрид. Освен што се отворени броеви за донации во државата и странство, дечиња од врата на врата собираа пари за Сара.

Такси-компанијата „Де лукс“ исто така се приклучи кон хуманитарната акција и на ден 24 октомври (среда), компанијата ќе вози хуманитарно, а сите собрани средства од севкупниот број на возења ќе ги донира за лекување за Сара. Такси може да повикате на 13-088 / 070-241-588 / 078-251-588.

Сроден донатор на коскена срцевина е нејзиниот брат 13-годишниот Виктор. Операцијата чини 200.000 евра и треба да се изврши во Германија. За таа цел потребни се средства.

„На 10 авуст на нашата ќерка Сара Настеска од Охрид која има 15 години и е поставена дијагноза Anemia Aplastika. Во најкраток можен рок треба да и се изврши трансплантација на коскена срж, мошне тежок и трновит пат, како единствен можност и шанса за целосно извлекување и враќање во нормален живот.

Нашиот син Виктор Натески кој има само 13 години е единствен сроден донатор на коскена срцевина за неа.

Во сите странски земји третманот и лечење на овој проблем на оваа возраст, спаѓа во рамка на специјализирани детски клиники.

Трансплантацијата на коскена срцевина сакаме да се изврши во специјализирана детска клиника во Германија која нуди висока успешност со низок ризик.

Успехот кој е постигнат во лекување на многу деца како и кај дете од Македонија, на иста возраст и истата дијагноза е причината поради која ние веруваме во нив.

Нашите животни услови не ни овозможуваат самостојно да ги сносиме трошоците за лекување, кое во Германија изнесува над 200.000 евра во зависност од времетраењето на лекувањето.

Доколку сте во можност и сакате да помогнете уплатата извршете ја на трансакциската сметка 2000001557959672 – Горан Настески, депонент Стопанска банка“, се вели во писмото на родителите.

Т-Мобиле: 143 102

VIP: 143 480

Да помогнеме!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Давид Мартиновски Исоски: Сите мои мечти и соништа се стопија во еден и единствен, да оздравам

Редакција

Потребна е помош за семејството Мариновски чиј што стан изгоре во пожарот во Кисела Вода

Редакција

Потребни се средства за Симона за втор третман со матични клетки

Редакција