еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Детали за сообраќајката во која тешко се повредени момче и девојка на мотор

Во сообраќајната несреќа што се случи на булевар Теодосиј Гологанов, кај Млечен ресторан, според очевидци момче и девојка на мотор се тешко повредени кога удриле во џип кој им го пресекол патот, пишува dosie.mk.

Џипот сo тетовски таблички на семафор каде што е забрането вртење лево завртел, а моторот доаѓал од спротивната насока. Немало време ниту да закочи нуту да ги избегне џипот.

Од ударот и двајцата биле со тешки повреди и со итна медицинска помош се пренесени во Ургентен центар.

Девојката која седела позади имала тешка надворешна скршеница на ногата од која на асфалтот се уште има огромни локви крв. Полицијата го затвори сообраќајот и врши увид.

фото: dosie.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајка на бул. „Теодосиј Гологанов“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Воз удрил во барикади со камења поставени на пругата Скопје-Кичево

Редакција

Малолетник и 33-годишна жена загинаа во сообраќајка на патот Крушево – Кривогаштани

Редакција

Малолетник во Штип фатен како краде за време на полицискиот час

Редакција