еМагазин
Image default
Македонија

(ВИДЕО) Димитров со букет цвеќе ја пречека Меркел

Министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерката за одбрана Радмила Шекеринска ја пречекаа германската канцеларка на Ангела Меркел на аеродромот.

Димитров на Меркел и подари букет цвеќе.

„Огромна чест! Добредојде за лидерката на Германија, нашиот прв трговски партнер, наш голем пријател и поддржувач, канцеларката Меркел, токму на роденденот на независна Македонија!“, напиша Димитров на неговиот фејсбук-профил.

Меркел имаше и дочек пред Владата, а во тек е прес-конференцијата на Меркел со премиерот Зоран Заев.

Фото: Фејсбук-профил на Никола Димитров/видео: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарскиот министер за внатрешни Демерџиев доаѓа во Скопје за роденденот на Делчев

Редакција

Температура и малаксаност најчестите симптоми кај заболените од Ковид-19 во Македонија

Редакција

Во изминатите три дена, нови 899 случаи на Ковид-19, оздравени 670, нема починати

Редакција