еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Фото) DRAMA Matinée: Време е на модата да и го вратиме достоинството во Македонија

Модата во Македонија и соработките за 2019-2020 година беа темите на кои се дискутираа на првото DRAMA Matinée, предводено од Ивана Кнез модната дизајнерка и споственичка на Драма Студио.

„Ова наше прво DRAMA Matinée беше наменето за директна отворена тет-а-тет дискусија со седмата сила поточно модните новинари со кои искрено ги отворивме картите за тоа каде и на кое ниво е Македонија за модата и сите се согласивме дека време е на модата да и го вратиме достоинството во нашата земја. Искрено, би сакала следното Матине да го направиме со моите колеги и заклучоците да ги направиме заедно, да дејствуваме во општеството и да направиме еден поинаков пристап и пат за нас и за идните генерации“ вели Ивана Кнез.

Заклучоците кои се донесоа беа конкретни, потребата од модни дебати, конструктивни модни критики, настани на кои модата ќе биде во фокус, поддршка од и помеѓу колегите, како и конференции за спој на модата со различни култури во Европа.

„Драго ми е што новинарите кои присуствуваа имаат комплетно позитивно видување за нашата работа како модни дизајнери и имаме поддршка од нив. Сакам да се заблагодарам и да дадам навистина една почит кон нив кои тие за мене се креатори на јавното мислење за модата. Ги поканувам сите колеги да направиме второ Matinée и да делуваме агресивно во нашата држава и регион во нашата област“ додаде Кнез.

Пријатели на настанот беа винарија Стоби со нивните сортни вина и Дуна Евентс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројката на загинати се искачи на 14, шестмина се борат за живот

Редакција

Oд Ковид-19 почина директорот на ЈКП „Пролетер“ во Ресен, Музафер Мурати

Редакција

Филипче најверојатно ќе одмара во Грција

Редакција