еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Фото) Ќе изгледаат ли вака плажите во Грција во време на пандемија со коронавирусот

Најоптимистичката варијанта за летување во Грција годинава, омилената дестинација на Македонците, поради пандемијата со коронавирусот е јули, доколу нема зголемување на бројот на заразени со вирусот, кој последниве денови кај јужниот сосед константно се намалува, пренесува дописникот на еМагазин од Солун.

Како што информираа грчките власти границата за Македонците останува затворена до 15 мај, а до тогаш нема да се одвива никаков сообраќај, како и до сега, со исклучок на камионите кои превезуваат стока, главно од пристаништето во Солун.

Во меѓувреме голем интерес во грчките медиуми предизвика идејата на компанија од Италија, Nuova Neon Group, за тоа како треба да изгледаат плажите оваа сезона за да луѓето се чуствуваат безбедно.

Идејата на оваа компанијата е да постават кабини направени од плексиглас околу секој чадор.

Кабините би биле високи 2 метри и долги 4-5 метри. Вакви кутии со плексиглас веќе се тестираат на плажи во Италија.

Мора да признаеме идејата е чудна, но истовремено храбра, иновативна и адаптирана на новата ситуација.

И секако оваа ќе бидат дополнителни трошоци за туристичките работници, било каде, кои се едни од најпогодените од “корона-кризата“.

Но, факт е дека и по отварањето на земји, кои се познати туристички дестинации како Грција, Италија или Шпанија се уште ќе биде препорачливо социјално дистанцирање.

Луѓето, како што посочуваат деновиве експерти од сите страни на светот, ќе бидат најсигурни кога ќе има вакцина, која може да биде достапна најмалку за една година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

До 15 мај во прекин авионскиот, железничкиот и патниот сообраќај меѓу Грција и Македонија

Во Грција на плажа во јули, ако нема зголемување на бројот на заразени со Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата објави список со актуелните „тајни хонорарци„

Редакција

Државниот инспекторат за земјоделство вработува 20 лица, плата до 29.941 денар

Редакција

Клиниката за радиотерапија и онкологија од „Зегин“ ќе набави лекови за 70 милиони денари

Редакција