еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Фото) Филипче, Николовски и Димитров на Струмички карневал ги бркаат лошите

Повеќе министри, амбасадори и дипломатски претставници вечерва присуствуваа на приемот за карневалските групи и гости што го приреди градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски и Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал.

„Струмички карневал – без маски, ама со мерак и насмевки 😊 Ги бркаме лошите!“, напиша Димитров на неговиот Фејсбук-профил.

На карневалот се и министрите Венко Филипче, Љупчо Николовски, вицепремиерот Кочо Анѓушев, премиерот Зоран Заев со сопругата Зорица.

– Струмичкиот карневал како повеќевековна традиција е еден од најпрепознатливите културни белези на Струмица, а во последната деценија стана еден од најдобрите карневали во Европа и светот. Тоа не прави среќни и горди, но во исто време ни ги зголемува желбите и амбициите, секое издание на Струмичкиот карневал да биде поуспешно од претходните, рече градоначалникот на Струмица во своето обраќање на приемот.

Присутните карневалски групи и гости ги поздрави и претседателот на Бордот на Федерацијата на европските карневалски градови, Ларс Алгел, кој истакна дека повторно се враќа во градот во кој бил пред 25 години и се радува што Струмичкиот карневал од година во година е се поквалитетен и помасовен и е меѓу најдобрите.

По завршувањето на приемот присустните заедно се упатија кон Плоштадот „Гоце Делчев“, каде присуствуваа на Интернационалната карневалска вечер, на која учествуваат околу две илјади карневалисти распоредени во 47 групи од земјава и странство.

МИА/еМагазин/Фото: Фејсбук/Димитров/Филипче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Какво време не очекува за новогодишната ноќ

Редакција

Ветерот ќе ја намали маглата, максималната температура до 15 степени

Редакција

(Фото) Димитров со трогателен статус и заедничка фотографија се прости од мајка му Ратка

Редакција