еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Граѓаните вознемирени од непознати броеви од странство, Ременски се сомнева на разузнавачка операција

Граѓаните на социјалните мрежи споделуваат информации дека добиваат телефонски повици од странство кои најчесто започнуваат на +370 (668), +370 (669), +48 780, +881.

Истите ги поврзуваат со можноста за повиски телефонски сметки, доколку одговорат на пoвикот.

Поранешната пратеничка и потпреседателка на македонското Собрание, Фросина Ременски побара нашите телекомуникациски оператори или Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) под итно да дадат одговор за бројните дојдовни повици од неидентификувани броеви од странство кон наши корисници.

„За да се избегнат било какви штети и шпекулации, има надлежни институции кои треба да го превенираат ова. Не сакам да верувам дека, зад оваа „масовност“ се крие таргетирана разузнавачка операција. За да нема шпекулации потребен е одговор,“ напиша таа на нејзиниот фејсбук-профил.

Според информациите од граѓаните, од некои од телефонските броеви е вртено и години наназад, но повиците зачестиле овој период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АЕК ќе ги блокира повиците од странските непознати броеви и апелира граѓаните да не одговараат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Како почна ски-сезоната на Попова Шапка: Со скиите на рамо по планината пешки, “пошто“ ски-лифтот тргни-застани-застани

Редакција

Патниците што имаат летови на 7 мај, да проверат кога најдоцна можат да стигнат на аеродром

Редакција

Влада: Злоупотребено гостопримството на МНТ, да се плати надомест за штетата од навивачите

Никола Осило