еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Груевски на насловна на унгарскиот магазинот ХВГ: “Ја сакам Унгарија“

Поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, кој избега во Унгарија и таму доби политички азил, останува во фокусот на унгарските медиуми.

Тој се најде на насловната страна на унгарскиот економски магазин, ХВГ, со мајчка на која пишува: „Ја сакам Унгарија“.

Магазинот во опширна анализа за Груевски меѓудругото пишува дека додека бил премиер потрошил милиони евра за споменици, за „екскурзијата“ со контраверзниот индиски бизнисмен Субрата Рој, неговите скапи очила, дека создал пријателски настроени медиуми, „бомбите„ на СДСМ, Шарената револуција…

Магазинот на читателите им „открива“ и приватни детали од неговиот живот: за разводот на неговите родители, неговата сопруга Боркица, дека неговата мајка работела како медицинска сестра во Либија, дека кариерата ја почнал како министер за финансии…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски лаже дека братот на премиерот му сугерирал дека ќе му биде одложена казната, ако убеди пратеници да гласат за уставните измени, велат од Владата

Паѓаат ли во вода уставните измени по притворот за Мијалков и азилот за Груевски?

Унгарска Влада: Не го даваме Груевски

Фото: Фејсбук/ХВГ/ВМРО ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пристигна донацијата од Грција, 100.000 вакцини „АстраЗенека“, кои ќе се аплицираат на лица над 60 години

Редакција

Канцероген српски чипс вратен од Хрватска, го има ли и на македонскиот пазар?

Редакција

Во Собрание продолжува расправата за реконструкција на Владата

Редакција