еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) Инстаграм кралот на марихуаната Биг Мајк се сретна со Заев, Филипче и Богдановиќ

Благодарение на фотографиите кои ги објави на својот Инстаграм профил, јавноста дозна дека во Македонија деновиве престојувал американскиот претприемач Мајкл Штрауметис или Биг Мајк, кралот на марихуаната на Инстаграм, кој пак самиот се нарекува „Марихуана Дон“.

Тој е сопственик на компанијата за производство на марихуана за рекреативни и медицински цели, „Advanced Nutrients“.

Тој во Македонија се сретнал со премиерот Зоран Заев во неговиот кабинет.

Фотографијата на Инстаграм со Заев, Биг Мајк ја објавил вчера. Чудно е што владината прес служба не ја информирала јавноста за оваа средба, имајќи во предвид дека информира за речиси секоја средба. За сега нема никаков коментар од таму.

„Само што остварив средба со премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, на која разговаравме многу за канабисот. Да ви кажам, оваа земја има огромен потенција и јас сум возбуден да бидам дел од претворањето на Македонија во една од првите канабис суперсили во Европа“, напиша Биг Мајк на Инстаграм.

Тој се сретнал и со министерот за здравство, Венко Филипче и со градоначалникот на скопската Општина Центар, Саша Богдановиќ. И од нивните кабинетите за сега нема информации за средбата.

Фото: Инстаграм/Биг Мајк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За да влезете во бизнисот со медицински канабис Ви треба банкарска гаранција од 1 милион евра!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина бизнисменот Жарко Луковски

Редакција

Маркетите на КАМ биле запечатени, бидејќи синоќа е прекинат пописот, велат од УЈП

Редакција

Изборен молк, гласаат затворениците и немоќните лица

Редакција