еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Искра Конеска, директор за човечки ресурси во Прилепска Пиварница прогласена за најдобар HR менаџер за 2018

Искра Конеска, директор за човечки ресурси во Прилепска Пиварница е прогласена за најдобар HR менаџер за 2018 година.

Изборот за најдобар HR менаџер, кој го спроведува Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР), се прави петта година по ред со цел да се препознае, признае, промовира и да се награди успехот на најпосветениот професионалец во делот на управување со човечките ресурси.

Наградата значи и промовирање и признание на организацијата која е посветена во интегрирање на успешните практики во делот на управувањето со човечките ресурси, како една од носечките алки во делувањето на компанијата.

Петочлената комисијата за избор на HR менаџер на годината, составена од експерти во областа на човечките ресурси со долгогодишно искуство (двајца од академската област, двајца професионалци од бизнис средината и минатогодишниот носител на титулата) одлучи дека Конеска треба да ја понесе титулата за 2018 година, поради нејзиниот придонес во развој на оваа област, со имплементација на практики за поддршка и мотивација на вработените во компанијата во која работи, а со тоа и во промовирање на важноста на професијата HR во општеството.

„Благодарам на Асоцијацијата за ова признание, а особено на Прилепска Пиварница што ми ја даде можноста да го имплементирам сето мое искуство во човечки ресурси во компанијата. Оваа награда ја посветувам на сите вработени во Прилепска Пиварница затоа што заслугата е заедничка“, изјави Искра.

Наградата најдобар HR менаџер на годината на Конеска ѝ беше доделена за време на завршниот коктел во рамките на 11-тата Меѓународна конференција за човечки ресурси која во организација на МАЧР, вчера се одржа во Скопје.

Осум престижни професионалци и експерти од полето на човечките ресурси го пренесоа своето знаење и искуство на тема „HR – The catalyst of transformation” (HR како поттикнувач на промени), која е произлезена од константната потреба професиите и организациите да се менуваат во чекор со новите технологии и промени во светот.

На конференцијата присуствуваа над 250 гости и учесници, а во текот на работниот ден, предавачите ги споделија своите искуства и визии во оваа областа и го презентираа своето стручно знаење, иновативни идеи и упатија препораки кои присутните менаџери и професионалци ќе можат да ги имплементираат за унапредување на организацијата во која работат.

Една од клучните препораки која што беше дадена е дека професијата управување со човечки ресурси треба да се користи како поттикнувач на промени. Менаџерите на човечки ресурси се оние коишто треба да бидат во чекор со времето и да помагаат во преобликување и развивање, не само на компаниите туку и на нивните вработени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

АСОМ исплати милион денари на дел од семејствата на настраданите кај Лaскарци, апел до останатите да ја контактираат асоцијацијата

Редакција

НЛБ Банка АД Скопје добитник на Националната награда за општествена одговорност за 2018 година

Редакција

Благодарница за „Макпетрол“ за посебен придонес во развојот на клиниката „Св. Наум Охридски“

Редакција