еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Изгореа два стана во социјалната зграда во Берово: Семејства со мали деца се на улица

Изгореа два стана во социјалната зграда во Берово, јавува „delcevo365.mk“. Станува збор за повеќечлени семејства со мали дечиња од Берово кои моментално се без место на живеење.

Според очевидци глетката била страшна за време на гаснењето на пожарот. Само пожртвуваноста на беровските полициски службеници и пожарникарите спречиле поголема катастрофа.

Сосетка на унесреќените семејства вели дека моментално едното од семејствата е сместено во плевна, додека второто семејство по пожарот не им останало ниту едно ќебе за да се покријат во текот на ноќта.

фото: „delcevo365.mk“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Крвава тепачка со ножеви во Куманово

Редакција

Запалено возило на полициски инспектор во Берово

Редакција

(Видео) МВР откри 50 килограми марихуана при претрес на дом во неготинско

Редакција