еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Како ќе изгледа спортско-адреналинскиот парк во Карпош

Денеска започнаа активностите за изведба на спортско – адреналинскиот парк долж Кејот на реката Вардар, со почетна точка кај алпинистичката карпа, во Општина Карпош.

Станува збор за нова, уредена зелена површина, спортско – рекреативна зона која ќе се простира на површина од 10.000 м2.

Општина Карпош за овој парк, преку Секторот за развој, аплицираше со проект во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност  (ПЛРК), при што добиен е грант во висина од 38.100.000 денари.

Оваа финансиска поддршка ја обезбеди Европската Унија и Владата преку Кабинетот на заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев. Учеството на локалната самоуправа изнесува околу 5 милиони денари.

„Во рамки на паркот ќе има ново, уредено зеленило на површина од 4.000 м2, 120 нови дрвја, како и: детско игралиште, фудбалско игралиште на песок со трибини, одбојкарско игралиште на песок со трибини, скејт парк, адреналински содржини, а оваа целина ќе биде заокружена со сквер што ќе се простира на површина од 140 м2.

Оваа зелена, спортско – рекреативна зона ќе се надоврзува на големиот парк, до бунарите на реката Лепенец.

Имено, по завршувањето на спортско –адреналинскиот парк, се фокусираме на уредување на јавниот простор до бунарите на р. Лепенец. Како трајна придобивка е целосното разубавување на овој потег, конечното решавање на деценискиот проблем со создавање на диви депонии и палење огнови на отворено“, рече Богоев.

Тој напомена дека овој парк е едно од главните ветувања во неговата изборна програма, и истиот се очекува да биде завршен до крајот на месец јуни, 2020 година.

Фото: Општина Карпош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведени три лица за питачење, ќе одговара и мајка на малолетно дете

Редакција

Пожар во куќата ги разбудил додека спиеле

Редакција

Гостивар и околината пет часа ќе бидат без вода за пиење

Редакција