еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

(Фото) Инвеститорот ќе засади и 150 високоизраснати дрва: Како ќе изгледа зградата што треба да се гради кај Мајчин дом

Инвеститорот на зградата кај Мајчин дом во скопски Аеродром, Фатмир Етеми, на средбата со граѓани и активисти информирал како треба да изгледа објектот, чија изградба предизвиока протести.

Етеми уверувал дека зградата ќе биде целосно енергетски ефикасна.

„Проектот е изработен со особена за грижа за околината и животната средина. Самата зграда ќе има вертикално и хоризонтално зеленило, со посебен систем за одржување, за што вложувам околу еден милион евра. Заради моја грижа габаритот на зградата е намален и не ги искористува максималните параметри што ги дозволува ДУП-от. Максимално ќе го зазелениме просторот и

ќе има повеќе зеленило од сега“, изјави Етеми.

Тој рекол дека компанијата „Зсф-ком“ ДООЕЛ увоз-извоз ќе обезбеди 150 високоизраснати дрва, целосно партерно уредување на плацот околу Мајчин Дом и изградба на нов паркинг на парцелите околу, кои исто така се во сопственост на Етеми.

Тој истакнал дека неговата компанија е општествено одговорна и сака максимално да ги поддржи граѓаните во борбата со загадувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општината треба да му исплати повеќе од осум милиони евра на Етеми, ако се откаже изградбата на зградата кај Мајчин дом

Инвеститорот на зградата кај Мајчин дом: Ако не сум имал право законски да градам, не требало да ми издадат одобрение

(Видео) Граѓаните се обидоа да ја тргнат оградата кај Мајчин дом во Аеродром

Почна изградбата на висококатницата кај Мајчин дом: Аеродромци бараат оставка од градоначалникот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) МојВоздух со сателитски податоци за загадувањето: Што може да се открие преку нив

Редакција

Ќе се отстранува опасниот по живот линдан од „Охис“, чистењето ќе трае од три до пет години

Редакција

Убава вест: Шар Планина и Осоговски планини – две нови заштитени подрачја во Македонија

Редакција