еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Како изгледа новиот булевар АСНОМ во Скопје, по кој ќе може да се вози од утре

Од Град Скопје информираат дека од утре ќе може да се вози по новиот булевар АСНОМ.

„Град Скопје викендов ја заврши првата фаза од реконструкцијата на овој булевар на потегот од крстосницата со улица Васко Карангелевски до крстосницата со булевар Србија кај мостот Близнак“, велат од Град Скопје.

Тој доби три коловозни ленти во двете насоки, пешачки и велосипедски патеки од двете страни и средишно зеленило.

Булеварот преку новиот мост, којшто е веќе во изградба, треба да се поврзе со населбата Ќерамидница во општина Гази Баба, а оттука и Аеродром ќе добие нова сообраќајна релација кон Центар кај поранешен Скопски саем, велат од Град Скопје.

Во моментот се работи и на четврт булевар, односно на втората фаза од изградбата на новиот булевар Босна и Хецеговина, велат од таму.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

РКЕ Битола продолжи со производството на струја

Редакција

Унилатералната изјава е политичка изјава на МНР, тврди Османи

Редакција

Пресврт на судењето за „Таргет-Тврдина“: „Бомбите“ завршуваа во СДСМ и кај Заев, а не кај мене, вели Верушевски

Редакција