еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Како изгледаат автобусите со кои повратниците од странство се носат во карантин

Министерот за здравство, Венко Филпче на својот Фејсбук профил објави фотографии од автобусите со кои повратниците од странство се носат во државен карантин.

Како што може да се види од фотографиите шоферите се со целосна безбедносна опрема, а внатрешноста на автобусите е дезинфицирана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно се 19: Во кои објекти во Македонија се носат во државен карантин повратниците од странство

„Се работи за наши граѓани кои се враќааат во својата земја од различни страни на светот. Во вакви моменти секој се чуствува најбезбедно дома, меѓу своите најблиски. Овој модел мораме да го поддржиме, за доброто на сите. Им благодариме на сите колеги по институциите кои деноноќно и посветено работат на безбедно враќање на нашите граѓани дома“, напиша Филпче.

По критиките во јавноста дека повратниците додека не бидат транспортирани до објектот каде ќе бидат во карантин, не добиваат ни вода, а чекаат со часови, од денеска тие ќе добиваат и закуска и вода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Пред нас е најтешкиот период во кој се очекува бројот на починати и заболени да расте

Зошто и како почина најмладиот пациент од коронавирусот во Македонија, кој имаше 31 година

Македонец во Франција: Од дома излегуваме со лист на кој стои причината зошто мораме надвор

Фото: Фејсбук/Филипче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска нов обид во Собранието да се донесе петтиот пакет антикризни мерки

Редакција

Западот во „војна“ со ТикТок: Дали критиките се оправдани?

Редакција

Затворени за сообраќај неколку улици во центарот на Скопје заради протестите

Редакција