еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Каква зимска спортско-рекреативна понуда нуди СЦ „Борис Трајковски“

И оваа зима, спортскиот центар „Борис Трајковски“ работи со сите свои спортски и рекреативни капацитети. Лизгалиштето е со најголема посетеност досега, но и со подобрени услови и специјален мраз кој овозможува беспрекорно лизгање. Лизгалиштето се користи за рекреација, но и за професионално уметничко лизгање и хокеј, велат од таму.

„Базените се отворени за сите граѓани кои сакаат да се рекреираат, но и професионално да тренираат пливање. На малиот базен постои можност и за организација на уникатни детски родендени, кои покрај што ги анимираат дечињата, придонесуваат за подобрување на здравјето и љубовта кон спортувањето.

Од останатите капацитети, работи и  фитнес центарот со најсовремена опрема  за вежбање , како и часовите по аеробик кои се одржуваат во просториите на СЦ „Борис Трајковски“. Во склоп на фитнес центарот, граѓаните може да изнајмат и велосипеди по поволни цени.

Во зимскиот период одлично функционира и кугланата, каде што се организираат и тим билдинг дружења, непрофесионални и професионални натпреварувања во куглање, родендени, прослави итн.

За релаксација, спортскиот центар „Борис Трајковски“ нуди високоопремена сауна за одржување и прочистување на организмот, а сауните се изработени од изворна финска чамовина.

Доколку граѓаните сакаат да си резервираат термин за било која од услугите, тоа може да го сторат на телефоните за информации на официјалната веб страна на спортскиот центар“, велат од спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

РФМ со донација за борбата против коронавирусот, нема да користи ни државна помош за плати

Редакција

Понуда од Тиго Фајнанс за промена на договорните услови за кредитни производи

Редакција

Штипскиот математички гениј Дамјан Давков освои сребро на Светската математичка олимпијада

Редакција