еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Караван „Скопје на точак“: Над 1.700 велосипедисти направија круг низ градот

Над 1.700 луѓе излегоа со своите велосипеди во склоп на караванот „Скопје на точак“. Истиот е под покровителство на Град Скопје и е организиран од страна на Сојуз на спортови на Скопје. Неделата се покажа како совршен ден за овој настан. Целата атмосфера беше исполнета со позитивна енергија.

Сите кои денес со своите точаци возеа низ Скопје покажаа дека здравиот начин на живеење е многу важен приоритет за нив. Тие ја пренесоа и пораката дека заштита на животната средина поттекнува од сите кои живеат во градот. Исто како во минатото, кога во Скопје секој втор граѓанин имал велосипед, така и сега учесниците покажаа дека со точаци може да се оди на работа, на школо, на факултет, дома и други места. Организаторите, Сојуз на спортови на Скопје, се надеваат дека настаните од ваков тип ќе се надградуваат константно и дека сѐ поголем број на луѓе ќе користат велосипеди.

Учесниците направија еден круг низ градот. Тие тргнаа од фонтана Лотос на бул. Илинден и се движеа кон Сити мол. Свртеа лево по улица Љубљанска и возеа по ул. Московска до Студентскиот дом Гоце Делчев. Продолжија по М. Т. Гологанов и возеа до Католичка црква.

Од таму продолжија по М. Т. Гологанов, па по улица Димитрие Чуповски, потоа право по бул. 11 Октомври до семафорите кај Црвен Крст каде свртеа лево по бул. Кочо Рацини. Таму возеа преку мостот по бул. Крсте Петков Мисирков. На семафорите кај Мавровка свртеа по бул. Гоце Делчев, преку мостот Гоце Делчев, се приклучија на бул. Илинден и се вратија на стартот, кај Фонтаната Лотос во Градски парк, каде ги очекуваше лотаријата со бројни вредни награди. Неколкуте среќни учесници добија велосипеди и опрема за велосипеди од партнерите Бајк центар и Пробајк Скопје.

За безбедноста на караванот и неговите учесници се погрижија МВР кои заедно со организаторите ги водеа учесниците по брзина од 20км на час.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Првпат во државава, пациент на 37 годишна возраст со Ковид-19 тргнат од респираторна машина

Редакција

(Фото) Венко Андоновски е добитник на престижната меѓународна Толстоева награда, за најдобар странски роман преведен на руски јазик

Редакција

Намалени цените на билетите во Ски-центарот „Попова Шапка“

Редакција