еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Кој сака да предизвика етничка и верска нетрпеливост со поставување на спомен плоча на кулата на Титов Врв?

Планинраско-еколошкото друштво ПЕД „Аргентус моунт“ реагира на поставената спомен-плоча на надворешниот ѕид на планинарската кула на Титов врв, чија што градежна реконструкција беше неодмна завршена.

Нивната реакција ја пренесуваме во целост:

„Спомен-плочата не е поставена од ПЕД „Аргентус моунт“, Тетово ниту е со согласност од ФПСМ и е во спортивност на Правилникот за планинарски домови.

Спомен плочата е НЕЛЕГАЛНО-ДИВО поставена на 8 септември 2018 година од 10-мина планинари од албанската етничка заедница од Тетово, откако Кулата веќе со реконструкцијата има достоинстевн лик.

Во монтажата на плочата е злоупотребено и планинарското друштво „Алпине гуидес” од Тетово, со учество на еден планинар во поставувањето на плочата.

На спомен плочата е гравиран лик на стар човек, повеќе со верски лик отколку со работничко мајсторски лик, кој според говорот на еден од поставувачите човекот е тенденциозно и злонамерно преставен како градител на Кулата, а всушност бил учесник во изградбата како платен градежен работник-мајстор од тогашната фирма кои ја реализирале градбата.

Спомен плочата е поставена на југо-источната страна на надворешниот ѕид, најверојатно од верски мотиви.

На спомен плочата е напишан текст само на албански јазик кој во превод е со содржина:

„Џемал Алиу-Вела,1897-1971. Не му беше доволна љубовта за нацијата, тој за неа придонесе и на врвот на Шара. Кулата е изградена во 1957 година”.

Според здраворазумско и планинарско резонирање произлегува дека ИДЕОЛОГОТ за поставувањето на спомен плочата:

го злоупотребува покојникот, неговото семејство и планинарите со доведување во нивна заблуда дека бил градител, иако е апсолутно јасно дека, како и сите што работеле биле платени градежни работници.

Во изградбата на Кулата никој не работел од љубов кон нацијата туку сите градежни работниици работеле за плата со додатоци за теренска работа.

Планинарската кула на Титов врв била иницирана од Планинарскиот сојуз на Македонија, проектирана и изградена во форма на штафета, од која, неколку години тргнувала планинарска штафета по повод Денот на младоста и со таа љубов била изградена.

Заслужува секоја чест секој кој учествувал во изградбата на Кулата било како платен градежен работник или како ангарија.

За секој планинар како и за постарите учесници во поставувањето на плочата е апсолутно познато дека дури после 62 години од градбата, ПЕД „Аргентус моунт“-Тетово иницирала, и со овластување од ФПСМ, започна и успешно изведува реконструкција на Кулата со која е доведена во достоинствен лик и безбедно планинарско засолниште за сите планинари од земјата и странство.

Од содржината на говорот на еден од поставувачите очигледно е дека главниот мотив и цел на ИДЕОЛОГОТ е да се испровоцираат планинарско-етнички реакции и контрареакции се со цел да се предизвика материјално оштетување на Кулата заради негова осветољубивост поради негово откажување членство од ПЕД „Аргентус моунт” Тетово, заради негови шовинистички навреди на неалбанските членови во друштвото и заради на различни начини саботирање на реконструкцијата на Кулата.

Апелираме до сите планинарите со планинарски карактер и душа без оглед на етничко-верска припадност да не ги прифатат ваквите провокации, а поставувачите согласно до нив дадените препораките од ФПСМ да ја отстранат плочата.

Сите идни материјални штети на Кулата ќе бидат директна одговорност на поставувачите на плочата односно на нивниот Идеолог.“

фото: фејсбук профил на ПЕД „Аргентус моунт“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од понеделник сите факултети да организираат онлајн-настава

Редакција

14 лица починаа од Ковид-19, кај 12 регистрирани коморбидитет

Редакција

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Пиксел груп добила 203 илјади евра државна помош, еден ден откако Ковачевски станал мандатар

Редакција