еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Кои се 154. џентлмени на мотори кои годинава собраа над 4.000 долари за машкото здравје?

Урбани моторџии облечени во елегантна облека и уникатни мотори денеска четврти пат дефилираа низ Скопје, пренесувајќи порака за потребата од покренување на свеста за машкото здравје и за превенција од ракот на простатата.

Според веб-сајтот на организаторите годинава во земјава во дефилето учествувале 154 моторџии и моторџики кои собрале 4.112 американски долари.

Тие се дел од глобалното движење „Возење на истакнати џентлмени“ (The Distinguished Gentlmens Ride), кое годинава ќе се одржи во над 690 градови во повеќе од 110 држави низ светот, а ќе учествуваат над 100 илјади џентлменски облечени мажи и жени кои ќе ги управуваат своите класични и стилизирани мотоцикли.

Настанот се организира секогаш последната недела од септември според опредени правила и мора да има одлики што се специфични за самото движење како уникатни мотори и елегантен дрес код составен од палто, вратоврска, елек, елегантни чевли и задолжително кацига за безбедност.

Целата листа на учесници ТУКА.

Фото: Фејсбук/Пехар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале 10 лица, дополнително пријавено уште едно

Редакција

(Фото) Се вакцинираше и министерката Шахпаска

Редакција

Возачот што ги прегази полицајците бил под дејство на алкохол

Редакција