еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

(Фото) Колемишевски на Фејсбук покрена акција #Засади дрво: Предизвикот го прифатија Љупчо Николовски, Димитар Ковачевски…

Заменик-министерот за економија Кирил Колемишевски на Фесјбук покрена акција #ecoMKchallenge #ЗасадиДрво. Тој ги предизвика неговите пријатели, помеѓу кои и генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски и бизнисменот Димитар Ковачевски да засадат дрвја и тие да предизвикаат некои нивни пријатели, со што оваа акција би добила на масовност.

„Одлучив дневниците од моето прво службено патување да ги потрошам за садење на три дрва во паркот кај мене во маало. Ова ќе продолжам да го правам и во иднина. Бидејќи сам не можам многу да сменам, решив да ги предизвикам Димитар Ковачевски, Љупчо Николовски, Веланд Рамадани, да ми помогнат заедно да го зазелениме Скопје.

Треба да насадите по некое дрво, да ставите слики на Фејсбук и да предизвикате по тројца ваши пријатели да засадат дрва, па тие тројца по уште тројца и со заеднички сили да покажеме дека се грижиме за својата околина. Со ќерка ми сме многу благодарни на екипата која денес ги посади дрвата. Да оставиме подобра иднина за нашите деца“, напиша Колемишевски на Фејсбук.

Неговиот предизвик го прифатија и Николовски и Ковачевски и тие исто така предизвикаа нивни пријатели. Николовски засади дрвца во неговото родно место Крива Паланка.

„За зелена Македонија ннасекаде, за чист воздух и за грижа за околината. Затоа ги предизвикувам Тања Дејановска Митровска, Оливер Спасовски и Коста Костадинов да го направат истото, да купат дрвца и да ги засадат, да стават слики на Фејсбук и да тагнат по тројца пријатели да го направат истото“, напиша Николовски на Фејсбук.

Бизнисменот и професор Димитар Ковачевски пак, го прифати предизвикот и, меѓудругите, го предизвика градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.

„Денес, засадив три дрвца во паркот во соседството кои се надевам цело маало ќе ги негуваме. Ги предизвикувам Стефан Богоев, Душко Весковски и мојата драга колешка Никица Мојсоска да го направат истото, да засадат дрвца, да споделат слики и да тагнат по тројца свои пријатели да го направат истото“, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Предизвикот на Ковачевски го прифати и директорот на ЈП Водовод и канализација, Душко Весковски кој засади три дрвја пред зградата на претпријатието.

„Следно би сакал да ги предизвикам истото да го направат директорката на УЈП, Сања Лукаревска, градоначалникот Саша Богдановиќ, новинарот Мишко Иванов и директорот на ЈП Паркови и зеленило Ардијан Муча.Засадете дрва, објавете фотографии и назначете тројца пријатели да го следат овој чекор“, напиша Весковски на Фејсбук.

фото: Фејсбук-профили на Колемишевски/Ковачевски/Николовски/Весковски/Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јавно ќе бидат објавени имињата на 120.000 македонски Бугари, меѓу кои има и политичари, најави Ковачев

Редакција

Вкупно 3.439 здравствени работници во Македонија заболеле со Ковид-19, починале 22

Редакција

Рестрикции нема, но неопходно е рационално трошење на струјата, вели Бислимоски

Редакција