еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

(Фото) Концесионер за копање на руда уништи планинарски патеки под Руен

Планинарските патеки под врвот Руен и Сокол, кои се маркирани, обележани и снимени на ГПС се уништени од правење на мрежи од патишта и остатоци од јами, длабоки неколку метра полни со вода, ѓубре и масло кои се опасни по животите на луѓето и на животните, алармираат од планинарските друштва кои викендов го искачуваа врвот Руен и го забележаа уништувањето.

Неофицијално, станува збор за турска компанија која добила концесија за копање и барање на руда во близина на рудникот Саса.

Планинарите прашуваат што ќе се случи претстојната зима, кога јамите ќе бидат покриени со снег и ќе претставуваат вистинска опасност по луѓето кои движат по таа патека.

Фото/Фејсбук-профил на Тошо Антов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Милан Кораќ, предлог на Владата за нов секторски директор во М-НАВ

Редакција

Агенцијата за стоковни резерви склучи договор со Агроглобал Трејд вреден 2,1 милиони евра

Редакција

Анѓушев: Јас сум еден од тие кои подлежи на новиот данок

Редакција