еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Кујтим и Афердита возеа со велосипед од Виена до Горно Строгомиште кичевско, со порака за „чист воздух”

Со порака за чист воздух членовите на Клубот за велосипедисти „Ускана”, Кујтим Зендели и неговата братучетка Афердита, поминаа 1.300 километри од Виена до нивното родно село Горно Строгомиште, кичевско.

Велосипедистот Зендели изрази задоволство што успеале, како што рече, да пренесат порака до сите луѓе за подигнување на свеста за почиста средина и поздраво тело.

-Во развиените земји велосипедот се користи почесто за разлика од кај нас. Но се надевам дека тоа наскоро ќе стане пракса и кај нас. Горд сум не за мене, бидеќи ова не ми беше прв предизвик, туку за мојата братучетка Афердита која за прв пат возеше долга патека.

За дванаесет дена поминавме 1.300 километри од Виена, Австрија, потоа Унгарија, Хрватска, преку Србија и се разбира Македонија, односно Кичево поточно до нашето родно село Горно Строгомиште, рече Зендели.

МИА/Фото: Фејсбук/Uskana Bike & Hike

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почна судењето за „Јавна соба“, Обвинителството тврди дека ќе докаже вина кај креаторот и администраторот на групата

Редакција

Како граѓани, нема да помогнеме во борбата против корона вирусот со бегање од болница и давање на лажни информации на граница

Силвана Жежова

Влада: Промена на химната нема, направена е ненамерна грешка

Редакција