еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Фото) Македонската балерина Гаштарска која учи во Бољшој, бренд-амбасадор на светски познатиот „Гришко“

Балерината Стефанија Гаштарска од Македонија која учи во главното државно балетско училиште Бољшој во Москва, едно од најпознатите училишта за балетски уметници во светот, и годинава е бренд-амбасадор на светски познатиот бренд за балетска опрема „Гришко“.

„Гришко“, неодамна објави најнова фото-сесија за 2018 година, со бренд-амбасадорите на брендот, помеѓу кои е и нашата Гаштарска.

„Според мое мислење, облеката за загревање е најважната балетска облека што секоја балерина треба да ја има. Нашите мускули треба да бидат подготвени пред да започне класа или проба. Зошто Гришко? Тие не само што помагаат за загревање пред класата, туку и за загревање после класа. (Понекогаш имам долга пауза меѓу пробите). Тие се толку удобни и добро изработени, тие ми се омилени парчиња облека во мојата балетска гардероба! Некои луѓе носат Прада, но носам Гришко!“, вели Гаштарска.

Таа е втора година во Бољшој, а лани беше прогласена за најдобар ученик. Влегува на службен влез во театарот Бољшој и игра на исти штици со нејзиниот идол, светски познатата балерина Светлана Захарова.

Фото: Фејсбук-профил на Гришко и Инстаграм-профил на Гаштарска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонско девојче прогласено за најдобар ученик во светски познатото балетско школо Бољшој

Крстевска: Жално е но вистина, Русија го препозна балетскиот квалитет на Стефанија Гаштарска за разлика од кај нас

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО: Лекот „дексаметазон“ може да биде спас за тешко болни пациенти од коронавирусот

Редакција

Испратени СМС-пораки со лажен линк на УЈП, Управата апелира да не се отвораат

Редакција

„Тежок тендер“: „Бапал“ ќе ги чисти објектите на државната управа за 204 милиони денари

Редакција