еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Македонската и црногорската влада ја одржаа првата заедничка седница

Владите на Северна Македонија и на Црна Гора, денеска во Подгорица ќе ја одржат првата заедничка меѓувладина седница, информираа од Владата.

Делегацијата од нашата земја ја предводи премиерот Зоран Заев, а официјалната посета е на покана на неговиот црногорски колега Душко Марковиќ.

Како што соопштија од владината прес-служба, во владината делегација се и Радмила Шекеринска Јанковска, заменик на претседателот на Владата и министер за одбрана, Оливер Спасовски, заменик на претседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Венко Филипче, министер за здравство, Горан Сугарески, министер за транспорт и врски, Садула Дураки, министер за животна средина и просторно планирање и Андреј Жерновски, заменик министер за надворешни работи.

Претседателот на Владата, Душко Марковиќ ја предводеше делегацијата на Црна Гора, која ја претставуваа и: потпретседателот на Владата за економска политика и финансиски систем и министер за земјоделство и рурален развој. Милутин Симовиќ, министерот за одбрана, Предраг Бошковиќ, министерот за внатрешни работи, Мевлудин Нухоџиќ, министерот за туризам и одржлив развој, Павле Радуловиќ, министерот за здравство, Кенан Храповиќ, министерката за економија, Драгица Секулиќ, министерот за сообраќај и поморство, Осман Нурковиќ, државниот секретар на Министерството за надворешни работи, Зоран Јанковиќ и генералната секретарка на Владата, Наташа Пешиќ.

Потпишани неколку спогодби на првата заедничка седница 

На првата заедничка седница на двете влади, како што информираат од владината прес-служба потпишани се: Спогодба помеѓу Владите на Црна Гора и Република Северна Македонија за взаемна заштита на класифицирани податоци, Протокол за соработка на Министерствата за внатрешни работи во областа на европската интеграција, Спогодба за соработка во областа на животната средина помеѓу Министерството за одржлив развој и туризам на Црна Гора и Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија и Меморандум за разбирање во областа на здравството меѓу Министерството за здравство на Република Северна Македонија и Министерство за здравство на Црна Гора, со што се стекнаа неопходни предуслови за јакнење на постојните врски во овие области.

Наредната седница на двете влади да се планира да се одржи во нашата земја.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Спасовски: Тоа што МВР претресуваше фирма поврзана со Орка холдинг, е коинциденција со почеток на судењето со Камчев

Редакција

Сите четворица кои починаа од корона вирусот немале контакт со потврден случај

Редакција

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата „За подобра Македонија“ нема да гласа за одземање на пратеничкиот мандат на Груевски

Редакција