еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Македонскиот пица мајстор Зоран Јовановски се закити со златен медал на меѓународен натпревар во Монголија

Специјалистот за подготвување пици од Македонска Каменица, Зоран Јовановски, се закити со уште едно вредно признание како награда за неговото долгогодишно искуство во гастрономскиот занает.

Како единствен претставник на државата на меѓународниот „Џингис Кан Челенџ Куп 2019“, Јовановски во категоријата подготвување пици го освои првото место и златниот медал.

За Јовановски успехот е уште позначаен ако се спомене фактот дека за време на патувањето останал без дел од своите реквизити кои се составен дел за учество на ваквите натпревари.

-Наградата ми е особено драга затоа што при патувањето до Монголија, останав без својот багаж, а таму ми беа сите потребни реквизити и состојки кои вообичаено ги употребувам при учеството на ваквите натпревари. Сепак како вистински натпреварувач успеав да се снајдам и да го осовјам првото место иаско имаше доста силна конкуренција, истакна Јовановски.

Додава дека на Меѓународниот кулинарски натпревар „Џингис Кан Челенџ Куп 2019“ тој во конкуренција на натпреварувачи од повеќе земји во светот меѓу кои Данска, Мексико, Шпанија, Италија, Кина и други бил единствениот претставник од државата.

Јовановски во последните три години е активен учесник на вакви интернационални натпревари, при што има освоено златни, сребрени и бронзени медали во Шведска, Норвешка и Италија.

Поддршка за патувањето во Монголија, Јовановски доби од здружението на македонски готвачи Гастромак.

МИА/Фото: Фејсбук/GastroMak/Јовановски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Познати бизнисмени, фирми и јавни претпријатија на новата Листа на должници на УЈП

Редакција

(Галерија) На ручек разделени со плексиглас: Рестораните и кафулињата во Скопје се подготвуваат за отварање

Редакција

Aпелација ја одби жалбата, Јанева останува во куќен притвор

Редакција