еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Фото) Меморијален планинарски марш во чест на Филип Чакаров

Викендов се одржа третиот Меморијален планинарски марш во чест на прерано починатиот Филип Чакаров.

Маршот во кој учествуваа четириесет и еден учесник, започна од Патишка река до Салакови езера и оттаму кон планинарскиот дом „Караџица“, домот каде што Филип беше домаќин и чиј што дух се уште се чувствува таму.

По 22-23 поминати километри низ планини, реки, долини, езера, уживајќи во есента со целиот нејзин раскош, таму не чекаше вкусно подготвено планинарско гравче.

На 20 октомври, пред присутното семејство, роднини, пријатели, планинари му се оддаде почит на споменикот при што беше истакнато што значеше Филип за Караџица и што таа нему му значеше.

„Филип беше чуварот на овој дом, на оваа планина, домаќинот кој ќе те пречека со поезија инспирирана од оваа планина, кој ќе те развесели со неговата музика создадена од нотите на оваа планина, домаќинот кој ќе те нахрани и вдоми во секој период од годината“, се вели во посветата за Филип кој веќе три години не е со нас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО+ФОТО) „Кажи не!“: Кампања на МВР за зголемување на свеста за опасностите од споделување фото и видео материјали на Интернет

Редакција

Предупредување од УХМР: Поради врнежите можно излевање на помалите реки и слевање вода во урбаните средини

Редакција

Со магнетна стимулација до безболно заздравување на атрофираните мускули

Редакција