еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Морничави детали: Албанец од Македонија со нож ја уби сопругата во Швајцарија

Швајцарскиот весник „Blick“ објави дека во понеделникот во Диткон, Швајцарија, Албанец од Македонија ја убил неговата сопруга, Луиза (34) исто така од земјава, со нож, а потоа избегал во источна Швајцарија, каде што бил приведен од властите.

Мажот е идентификуван како Илир Б. (37).

По убиството, мажот избегал, а со себе го земал и неговиот мал син, за кого се тврди дека бил во станот за време на злосторството. По кратко време, тој бил фатен во Трибах СГ.

Медиумите на албански јазик во Македонија пренесуваат и дека парот живеел оделно, и дека жената сакала да се разведе, а кантонската полиција во Цирих информираше дека Илир Б. бил во судски процес со неа во февруари 2018 година за семејно насилство и за закани кон неговата сопруга, по што добил забрана за физички контакт.

Неодамна повторно добил дозвола да ги гледа децата и се преселил во близина на местото каде живеела неговата сопруга.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Армијата се враќа на јужната и северната граница

Редакција

Јадранка Дабовиќ-Анастасовска нова судијка во Уставен суд

Редакција

Обинителството ќе поднесе жалба за условната казна за сообраќајката кај Млечен

Редакција