еМагазин
Image default
Забава

(Фото) Музичка програма за престојниот Skopje Wine Expo 2019

Традиционално, во Скопје ќе се одржи најголемиот македонски вински фестивал под покровителство на град Скопје.

Од 26-28 септември на плоштадот „Мајка Тереза“ пред платото на МОБ, посетителите ќе имаат можност да уживаат во најдобрите македонски вина, гурмански специјалитети, но и музика за сите вкусови.

На „Skopje Wine Expo” ќе настапат доајените на македонската музичка сцена – Ефто Пупиноски и Блага Петреска, дувачката сензација Брас Брадерс, српскиот поп бенд „Тропико“, „Слаткаристика“, најпознатиот бугарски продуцент Криско како и бугарскиот пејач Графа , групата „Нокаут“, македонскиот рок бенд кој постои речиси 3 децении – „Ареа“, Александра Јанева и Марко Логаут со специјалниот проект – Тоше Проески Трибјут, „Либеро бенд“ и „Ксмет оркестар“ со after work забави, Амон Мра, Дј Оки Доки, како и најдобриот real tribute на Бијело Дугме.

Влезот како и секоја година е бесплатен за сите посетители.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Фамилијата Марковски“ се враќа на малите екрани

Редакција

(Фото) Лила и Мелита во сексипилни изданија на плажа

Редакција

(Видео) Се загрева атмосферата пред настапот: Тамара меѓу фаворитите за победа на Евровизија

Редакција