еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) МВР реконструираше и обнови повеќе објекти

Министерството за внатрешни работи изминатата година, со цел подобрување на условите за работа на вработените, изврши  реконструкција и обновување на ресурсите за работа во Управните служби во Куманово, Полициското одделение во Јегуновце, Полициската станица во Ѓорче Петров, Железничкот граничен премин во Гевгелија и Полициската станица од општа надележност во Струга.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека и годинава продолжуваат со реализација на зацртаните градежни активности за подобрување на условите за работа на вработените во Министерството.

– По пат на отвoрена постапка  со критериум за доделување на договор најниска цена  склучен е  договорот за јавна набавка „Услуги за тековно одржување на објекти на МВР, УБК, ЦПС, БЈБ и гранична полиција на цела територија на Република Македонија со изведба на градежни, градежно- занатски, занатски, инсталатерски и други работи“. По склучување на договорот веќе се започнати градежни активности во неколку секторите за внатрешни работи ширум земјава и тоа во: СВР Битола, СВР Велес, ПО Галате, ПО Зајас, ПС Кичево, ПС Драчево, Касарна Ѓорче Петров- ЕБР, МТВ управни служби, Ценарот за обука Идризово и СВР Скопје, информираат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Распродаден целиот тираж од новата книга на Никола Груевски

Редакција

Починаа четворица пациенти од Ковид-19 во штипското Инфективно одделение

Редакција

Аларм: 194 здравствени работници во Македонија заразени со коронавирусот

Редакција