еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Кој присуствуваше на седницата на Централниот одбор на СДСМ

Премиерот Зоран Заев, министри, градоначалници и други функционери присуствуваа на вчерашната седница на Централниот одбор на СДСМ.

На седницата Одборот, меѓудругото, ја задолжи заменик претседателката на партијата, Радмила Шекеринска да ги координира активностите за новата изборна програма на партијата, за изборите на 12 април.

Централниот одбор заклучи дека клучните столбови од Програмата на СДСМ за само 2.5 години се реализирани и дека тоа е вистинскиот пат по којшто треба да се движи државата.

„За само 2.5 години решени се најголемите наследени проблеми, економијата од негатива од -1.8% сега има раст од 4.1%, воведени се серија на мерки кои ги покачија просечните плати за 2 илјади денари, минималната плата за 5.500 денари, невработеноста е намалена на рекордни 17,5%, создадени се над 54 илјади нови работни места најмногу во приватниот сектор, инвестициите се најголеми од независноста, социјалната помош е зголемена за 300 проценти, земјава се врати на евро-интеграцискиот пат, остварена е стратешката цел за членство во НАТО…

Наша цел е новата изборна програма да произлезе од граѓаните и нивните потреби. Во таа насока сите коментари, забелешки и сугестии што ги добивме на маалските и урбаните средби, на трибините и средбите со граѓаните ги процесираме преку надлежните партиски Комисии во решенија кои ќе бидат втемелени во новата програма“, велат од партијата.

Оттаму додаваат дека дефинирани се и други канали преку кои што граѓаните ќе може да ги достават своите предлози до општинските организации но и до централата на СДСМ.

Партиските комисии веќе започнале процес на подготовка на новата изборна програма на СДСМ која ќе понуди реални, остварливи и суштински мерки и политики во интерес на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Љупчо Николовски избран за шеф на изборниот штаб на СДСМ

И СДСМ ангажираше ракометар, Мојсоски ќе ја води Комисијата за спорт

Фото:Фејсбук/СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намалување за 35,3%: Минатата недела 44 смртни случаи од Ковид-19

Редакција

Отец Пимен до Гоце Делчев: „Вади дневникот и пиши ни кецови, ништо не сме научиле“

Редакција

Убава вест: Оздравеа уште 40 пациенти од корона вирусот, најголем број во Скопје 26

Редакција