еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Фото) Николовски садеше во училишната градина на ООУ „Аврам Писевски“

По повод Светскиот ден на храната, денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски присуствуваше на одбележување на овој светски ден во ООУ „Аврам Писевски”.

Настанот под мотото „Нашите дејствија се наша иднина, свет Без Глад до 2020 година е возможен”, беше во организација на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со ООУ “Аврам Писевски” и граѓанските организации “Слоу Фуд Водно” и “Ајде Македонија”.

Секоја година, на 16 октомври, се слави како Светски ден на храната, а годинава порака е “Нашите дејствија се нашата иднина”, однсоно да се засили посветеноста и уште поважно, политичката поддршка кон одржлив свет ослободен од глад и сите форми на недоволна исхранетост. Темата за оваа година е посветена на Целта за одржлив развој 2 – Свет без Глад (Zero Hunger) коja не само што се фокусира на искоренување на гладот во светот, туку и на постигнување на подобрена исхрана и одржливо земјоделство.

„Преку вакви локални настани можеме да ја потенцираме вредноста на храната во општеството. Над 815 милиони луѓе во светот се на граница на неисхранетост, а светот произведува доволно храна и производството на храна е една од главните теми на кои посветуваме големо внимание.

Производството на храна е особено предмет на работата на МЗШВ и затоа силно ќе ги поддржуваме сите настани преку кои ја зголемуваме јавната свест за вакви важни теми.

А, децата од најмали треба да ги научиме на овие навики и практики преку кои што навистина можеме да го промени светот. Децата може да бидат амбасадори на сите овие политики на кои што генерално како Влада даваме силна поддршка.

Заедно со Министерството за образование и наука на ниво на Влада ќе иницираме вакви училишта со вакви градини како во ОУ Аврам Писевски, во општина Карпош, да има во целата држава, тоа е импулс плус во делот на едукацијата,информираноста и на здравите навики кои се потребни за децата да ги градат од мали нозе“, изјави министерот Николовски.

Заедно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ООУ “Аврам Писевски”, с. Бардовци, Скопје, “Слоу фуд Водно” и „Ајде Македонија”, ФАО го промовираше глобалниот повик за заеднички, здружен напор кон здрава исхрана преку воведување практична едукација за храна и здрава исхрана во наставните програми, усвојување методи за намалување на загубите и отпадот од храна и олеснување на пристапот до локално произведената, свежа и хранлива храна од семејните земјоделци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Премиерот Заев со сопругата на божествена литургија во црквата „Свети Леонтиј“ во Водоча

Редакција

Почина Јана Арсовска, девојката борец за која се немаше слух за помош

Редакција

(Фото) Емотивна средба: Пендаровски се сретна со неговата прва учителка

Редакција