еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Ново спортско-рекреативно катче за битолчани

По отворањето на првата Balans+ Зона во Општина Карпош во Скопје, Бимилк денес отвори уште едно спортско-рекреативно катче, овој пат во матичниот град на компанијата – Битола.

Како локација за новата Balans+ Зона е одбрано спортско-рекреативното катче Тумбе Кафе, кое е едно од најпознатите места за спорт и рекреација на битолчани. Всушност, благодарение на оваа донација на Бимилк, на Тумбе Кафе се поставени повеќе справи за рекреација и одржување баланс на телото под брендот на „Balans+“, а истовремено локацијата е и комплетно репарирана.

На отворањето присуствуваа претставници на Општина Битола, како и градоначалничката на општината, Наташа Петровска, која потенцираше дека оваа донација е од исклучителна важност, не само поради тоа што сега битолчани ќе имаат ново катче за спорт, туку и поради тоа што благодарение на Бимилк целата локација на Тумбе Кафе е целосно обновена и добива сосема нов лик.

Од Бимилк, пак, истакнаа дека отворањето на Balans+ зоните е со цел подигнување на свеста за спортот и за здравиот начин на живеење, а во согласност со пораките на брендот „Balans+“ :

„Среќни сме што Општина Битола ни дозволи да го обновиме ова место, кое за нас како битолчани е од исклучително значење за практикување здрав начин на живот. Всушност, долгорочна цел на компанијата е да допреме до што поголем број граѓани и да ги поттикнеме на спорт и рекреација, така што верувам дека граѓаните повторно ќе се вратат на Тумбе Кафе, со што како компанија уште еднаш ќе потврдиме дека еднакво се грижиме и за националниот, но и за локалниот развој и за здравјето на битолчани.

Имено, преку порфолиото на ‘Balans+’ ги комуницираме придобивките од редовно консумирање здрава исхрана и постигнување внатрешен баланс во организмот, па верувам дека една ваква зона под брендот на ‘Balans+’ ќе ја пренесе пораката и за важноста од практикување спортски активности и постигнување баланс на телото“, рече Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

„Навистина ни е драго што од Бимилк вистински ја препознаваат важноста за создавање здрави навики, истовремено согледувајќи ги и реалните потреби на нашите сограѓани, особено земајќи предвид дека на Тумбе Кафе како локација навистина ѝ беше потребно освежување. Со овој несебичен гест тие обезбедуваат нова спортско-рекреативна зона за градот Битола, но придонесуваат и за квалитетот на живеење на целата наша заедница и не е прв пат компанијата да излезе во пресрет на нашиот град и битолчани“, изјави Наташа Петровска, градоначалник на Општина Битола.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Расте нивото на водата во Охридското Езеро

Редакција

Патот Маврови Анови-Жировница секој ден ќе биде затворен по 4 часа, почнувајќи од 14 јуни

Редакција

За секое новороденче во Старо Нагоричане, 6.000 денари

Редакција