еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

(Фото) Охрид SOS: Додека Владата држеше седница во Охрид, камиони истураа градежен шут на брегот

Додека Влада вчера одржуваше седница во Охрид, каде информации за состојбата во Охридскиот регион требаше да дадат градоначалниците на Општина Охрид, Општина Струга и Општина Дебрца, на делницата помеѓу кампот Ливадишта и Струга, камиони депонираа градежен шут директно на брегот, а градежни активности се изведуваат над патот, информираат од невладината Охрид SOS.

“Иако на претставниците на Реактивната Мониторинг Мисија им укажавме на узурпацијата на крајбрежјето што се случува на потегот од Струга до Радожда, не е познато дали домаќините ги однесоа натака, со оглед дека минатиот пат, во 2017 година, не го сторија тоа, и за време на нивниот престој се случуваа слични градежни активности.

Дали ова им го пренесоа Едмонд Адеми, Рамиз Мерко, Министерство за животна средина и просторно планирање, Горан Сугаревски, или го ставија во извештајот доставен до УНЕСКО, кој сè уште не е јавно објавен преку официјалните владини гласила.

Вака во име на јавниот интерес и на жителите на регионот работите? Со два аршини? Лицем светци срцем волци? Што прават инспекторите, хибернираат зимава?“, велат од OhridSOS.

Фото: Влада/OhridSOS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 186 случаи на заразени со Ковид-19 од 1.674 тестирања: Најмногу во Скопје, Куманово, Кочани и Струмица

Редакција

Во последните три дена, 179 нови случаи на Ковид-19, оздравени 347, шест починати

Редакција

Сите детали: Како да се пријавите за вакцинација во Србија

Редакција