еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

(Фото) Олимпиецот Георгиевски доби уште 800 илјади денари награда од Владата

Премиерот Зоран Заев го прими носителот на сребрениот медал на Летните олимписки игри во Токио во теквондо Дејан Георгиевски, кој беше во придружба на тренерите Дарко Костовски и Борче Костовски.

Заев, како што соопшти владината прес-служба, му честитал на сребрениот олимпиец Георгиевски и со внимание се запозна со искуството на младиот спортист од настапот на олимписката спортска арена во Токио.

На средбата, премиерот Заев му се заблагодарил на Дејан Георгиевски за радоста што им ја донесе на граѓаните на земјата од Токио и истакнал дека тој е пример и модел за младите дека ништо не е недостижно, дури и олимписките врвови кога талентот оди заедно со посветеноста за најдобри резултати и со упорноста да се постигнат.

За време на разговорот нагласил дека успехот на Георгиевски е поттик за Агенцијата за млади и спорт да ги унапреди условите за развој на теквондото и другите олимписки дисциплини за кои постои широк интерес меѓу младите.

Владата на 93-та седница ја дополни одлуката за паричната награда за постигнатиот врвен олимписки успех и таа сега е поголема за 800.000 денари и изнесува 2 милиони денари од страна на Владата и 600.000 денари од страна на Агенцијата за млади и спорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Град Скопје ќе го награди олимпискиот вицешампион во теквондо Дејан Георгиевски со 5.000 евра

Тренерите на Дејан Георгиевски се откажаа од парите од Владата ќе му ги дадат нему: „Доволен ни е историскиот сребрен медал“

Владата ќе го награди Дејан Георгиевски со 1,8 милиони денари за успехот на Олимписките игри

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ за предлогот на Заев: Може експертска влада, предводена од заеднички прифатлива натпартиска личност

Редакција

„Империја“ е нова истрага на СЈО: Вклучени семејството Камчеви, Мијалков и сопственикот на „Пелистерка“ Панделески

Редакција

Од 18 септември времен режим на сообраќајот на десната страна од тунелот во правец Блаце – Скопје

Редакција