еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

(Фото) Од Скопје до Белград ќе се патува за три и пол до четири часа: Отворен јужниот крак на Коридорот 10

Премиерот Зоран Заев синоќа заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ присуствуваше и говореше на свеченото отварање на јужниот крак на Коридорот 10 на делницата на автопатот низ Грделичката клисура, кај Владичин Хан.

Премиерот Заев беше придружуван од министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Изразувајќи благодарност за поканата да биде дел од овој значаен настан за Република Србија, премиерот Заев рече дека „се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“.

-Се радуваме за пријателска Србија и нашиот пријателски српски народ. Сега кога гледаме колку изгледа величествено ова модерно автопатско решение…честитките за успешниот зафат добиваат уште поголемо значење, изјави Заев, кој додаде дека „нашите граѓани како европски граѓани имаат автопатско решение од северната до јужната порта на ЕУ.“

Од Скопје до Белград ќе се патува за три и пол до четири часа, рече премиерот, и нагласи оти „намалувањето на физичката, временска дистанца, меѓу главните градови на двете држави е соодветно на пријателството и блискоста меѓу нашите народи, што ја носат во своите срца.“

Коридорот 10 е вистинска европска вредност на поврзување и комуникација, оцени Заев, додавајќи дека дополнителна вредност на автопатот е промоцијата на проектот за заедничко гранично управување Оне стоп шоп, со што ги воведуваме Шенгенските механизми меѓу нашите земји и ја носиме Европа овде.

– Граѓаните на Северна Македонија Ве сакаат почитувани граѓани од Република Србија. Нека расте нашето пријателство. Да бидеме блиски и заедно да соработуваме, изјави Заев на отварањето на Коридирот 10 во Владичин Хан.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Mаржата на огревно дрво и пелети за огрев се замрзнува на 10%

Редакција

(ВИДЕО) Заев: Нема одлагање на изборите, на 3 јануари ќе дадам оставка

Редакција

Откриена нова вакцина против туберкулоза

Редакција