еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Пеколни сцени близу Скопје: Се разгорува пожарот на Скопска Црна Гора

Се разгорува пожарот на Скопска Црна Гора, кој почна да пламти уште во утринските часови.

Облаци од чад околу 10 часот денеска можеа да се забележет зад планината, но пожарот вечерва може да се гледа со голо око од центарот на Скопје.

Надлежните соопштија дека пожарот зафатил ниска мешана шума и бор на местото Црн камен, на потегот Липково, Скопска Црна Гора и селото Матејче.

Противпожарната бригада на Град Скопје добилa дојава за пожарот денеска околу 10 часот, по што веднаш испратиле екипи на терен.

Полициските службеници се излезени на терен, потврдија од МВР.

dig

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца браќа ја тепале сестрата во семеен двор во Сарај

Редакција

Откриени 43 мигранти од Бангладеш во камион кај село Ваксинце

Редакција

Уапсен средношколец од штипската Гимназија по закани кон соучесници на Инстаграм

Редакција