еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Пендаровски добил покана за заедничкото интервју со Река и Силјановска

Од Фејсбук заедницата “Другата страна на политиката”, демантираат дека претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски не бил поканет да биде дел од заедничкото интервју во кое се појавуваат неговите противкандидати Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река.

„Почитувани наши следбеници и поддржувачи. Уште еднаш сакаме да го истакнеме нашиот концепт надвор од класичната политичка кампања, односно нашиот неутрален пристап при претставувањето на другата страна на политиката.

Во таа насока СЕ ОГРАДУВАМЕ од сите политички контексти и поврзување со политички субјекти.

Воедно, како одговор на одредени обвинувања на наша сметка, во прилог ги приложуваме поканите за интервју упатени до сите претседателски кандидати.

На крајот истакнуваме дека и покрај се, ние сме отворени за соработка, а поканата за креативна средба со професорот Стево Пендаровски се уште е отворена“, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски вели дека не го поканиле за интервјуто во кое се појавуваат Силјановска и Река

(ВИДЕО) Силјановска во заедничко интервју со Река, Пендаровски го нема

Ако изгубат на изборите, Силјановска и Река ќе останат професори, Пендаровски ќе се повлече од политика

Фото: Фејсбук/Пендаровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починaa шест нови лица од Ковид-19, пет пациенти од Скопје и еден од Струга

Редакција

Од корона вирусот заболеле 718 здравствени работници, од нив 4 починале

Редакција

Затвор и конфискација на имотот на Мијалков за случајот „Трезор“ побара Обвинителството

Редакција