еМагазин
Image default
Локално

(Фото) „Пластичарска улица“ не личи на себе

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов на својот Фејсбук-профил објави фотографии од реконструираниот булевар „Никола Карев“ попознат меѓу граѓаните како „Пластичарска улица“.

Првата фаза од реконструкцијата на булеварот почна во декември, минатата година. Улицата е проширена за уште една коловозна лента, со што ќе има по две ленти во двата правци.

На целиот потег е изведена атмосферска канализација која досега не постоеше. Од двете страни на булеварот има и велосипедска и пешачка патека.

Од Град Скопје веќе најавија дека во мај треба да биде објавен тендерот за продолжување на „Пластичарска“ до „Тетовска трошарина“, поточно до спојувањето со булеварот „Словенија“ каде ќе има висечки кружен тек кај „Хубо маркетот“.

„Пластичарска улица“ меѓу скопјани беше препознатлива како пример за сообраќаен хаос.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со пиштол се заканувал среде дискотека во Тетово

Редакција

Едно лице приведено поради обид за измама

Редакција

ИДСЦС спроведе симулациска вежба за поплави во Општина Кавадарци

Редакција