еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Политичарите денеска гласаа со семејствата

Голем дел од политичарите кои денеска гласаа, тоа го направија со нивните семејства.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска Јанковска на гласањето се појави со сопругот Божидар и ќерката Уна.

„Очекувам референдумот да биде каков што е и денешниов ден, полн со вера, надеж и љубов, полн со верба дека можеме да бидеме подобра држава, надеж дека тоа го правиме со денешниот чин и со многу, многу љубов кон наша Македонија“, изјави Шекеринска.

Министерот за надворешни, работи Никола Димитров пак рече дека денот е важен за државата, соседите, но и за него, бидејќи му е роденден.

„Повеќе од еден месец политиката зборуваше и објаснуваше колку е голем историскиот влог на оваа денешна раскрсница. Денеска народот зборува, а народот зборува со гласање. Се надевам дека денес ќе биде празник на демократијата и дека конечно нашата Македонија ќе тргне напред и во вистинската насока  – кон ЕУ и НАТО со зачувано тоа што ни е важно“, додаде Димитров.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети истакна дека ова е историски момент за земјата и оти се надева дека граѓаните мирно и достоинствено ќе излезат и ќе гласаат според нивното убедување, било да е тоа „за“ или „против“.

„Според моите информации, досега се се одвива мирно, достоинствено и без никакви проблеми. Од утре очекувам сите да работиме за да бидеме што поблиску до ЕУ и НАТО, бидејќи особено во последните 15 години, речиси сите сме работеле во тој правец. Треба да работиме во правец на мирот и стабилноста, да имаме добар судски систем, да има економски развој, инвестиции и достоинство за сите, како и функционални институции. Се тоа во функција на мирот и стабилноста не само кај нас, туку во целиот регион на овој дел на Европа“, рече лидерот на ДУИ.

На гласање со семејството се појави и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Фото/МНР/МО/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пандемијата од Ковид-19 не е завршена, предупреди шефот на СЗО

Редакција

Продолжува судењето за насилството во Собрание

Редакција

Германскиот Бундестаг усвои резолуција: Македонскиот јазик и култура ќе ја збогатат разноликоста на ЕУ

Редакција